Urban Penthouse

Џакузи со поглед, камин за топли вечери и руф топ за уживање под отворено небо.
Пентхаус од 200 м² + 71 м² приватен руфтоп, со џакузи со поглед, камин за топли вечери и простор за уживање под отворено небо.

Врвна локација

Пентхаусот се наоѓа на ул. Жил Верн бр. 4, во престижен дел од Скопје – мирен, но блиску до центарот. Сместен на деветти кат, со панорамски поглед кон Водно, градот и североисточниот дел на Скопје, нуди комбинација што ретко се среќава: приватност, висина и урбана поврзаност. Локацијата овозможува брз пристап до главните сообраќајници, ресторани и деловни зони, без да се изгуби чувството на мир и простор.

Простор и светлина што освојуваат

Со 200 м² внатрешен простор и 71 м² приватен rooftop, пентхаусот нуди вистинска слобода на движење и чувство на отвореност. Галеријата внесува висина и природна светлина, создавајќи впечаток на голем простор и модерен амбиент. Ентериерното уредување е вклучено во цената, што значи дека новиот сопственик веднаш добива подготвен дом со внимателно избрани материјали и детали. Големите прозорци овозможуваат панорама кон градот, а секој агол е осмислен да обезбеди удобност, функционалност и стил во секојдневното живеење.

Совршен Распоред

Во пентхаусот ќе најдете три пространи спални соби, две модерни купатила и гостински тоалет. Дневната соба и кујната се дизајнирани да бидат во центарот на домот – простор за семејни моменти, дружење и уживање. Распоредот нуди природен тек на просториите што создава чувство на хармонија и леснотија во секојдневието. Секој квадрат е искористен рационално за удобност, лесно движење и организиран животен простор.

Живот на врвот на градот

Деталите го прават животот поразличен – џакузи со поглед, камин за топли вечери и руф топ за уживање под отворено небо.
Двете тераси со вкупна површина од 70 м² откриваат два различни видика – Водно и градот, совршен спој на мир и динамика. Иако сте на само неколку минути од центарот, секој момент овде носи чувство на издвоеност и тивка удобност. 
Ова не е само стан, туку приватна оаза на удобност и елеганција. Тука секој момент е едно ново искуство.

Инвестиција со Вредност

Сместен во зграда со современа архитектура и девет ката, овој пентхаус е вистинска реткост на пазарот. Тој претставува паметна инвестиција, но уште повеќе – стил на живеење што нуди ексклузивност, приватност и престиж кој трае. Со ваков стан, вие не купувате само квадратура, туку иднина во која вредноста постојано расте. Ова е дом кој ќе ја задржи својата уникатност и значење низ времето. Сè што треба да направите е да не исконтактирате преку некои од телефонските броеви или преку контакт формата подолу за да закажете посета и да добиете повеќе информации околу условите и цената.

ЈАВЕТЕ НИ СЕ

Урбан Сити Проект, со традиција од над 13 години, гради иднина! Со бројни реализирани станбени и деловни објекти низ цела Македонија, компанијата се издвојува преку внимание кон детали, квалитет и модерна архитектура.

Јавете се за повеќе информации

Јавете се

Scroll to Top